Почна традиционалниот настан „Скопски улични музичари“

Со рок-свирки, синоќа на плоштадот „Македонија“ беше отворен настанот „Скопски улични музичари“.

Настанот го отвори составот „Марлон Брандо“, кој ја развесели атмосферата за минувачите. Вечерва, на истата локација настапува блузерскиот состав „Онија Блузерине“.

Tрадиционалниот настан „Скопски улични музичари“ во организација на Конгресниот центар „Александар Македонски“ (Универзална Сала), под генерално покровителство на Градот Скопје, и оваа година продолжува со настап на рок бендови во летниот период. Бендовите ќе настапуваат секој петок и сабота од 20 часот на плоштад „Македонија“ се до крајот на месец септември.