Почна студентската окупацијата на Филозофски и Филолошки факултет

Голем број студенти го окупираа спратот и аулата меѓу Филозофскиот и Филолошкиот факултет во Скопје . Тие поставија клупи во ходниците и апелираа за донации за душеци , храна и останати производи кои ќе им бидат потребни во текот на окупацијата.

Тие ги закачија транспарентите и со свирежи и извици бараат да се врати автономијата на универзитетот. Со нив се присутни и поддршка им даваат дел од професорите.

Студентите повикуваат на почитување на етичките кодекси и академско однесување при окупацијата на факултетите.

Окупацијата беше најавена минатата седмица, а како резултат на изгласувањето на новиот закон за високо образование со кој се воведува државен испит за студентите, но и отсуството на дебата при неговото донесување.