Почна со работа владиниот кол центар за граѓаните и компаниите за мерките поради Ковид-19

Владата на Република Северна Македонија денес го пушти во употреба контакт-центарот наменет за поддршка на бизнисот и граѓаните во врска со економските прашања во услови на справување со кризата предизвикана од КОВИД-19.

Од Владата посочуваат дека компаниите и физичките лица, со јавување на телефонскиот број 02/324-8040, ќе ги добиваат сите потребни информации и појаснувања во врска со начинот и можноста за користење на економски и други државни мерки поврзани со справување со состојбата со КОВИД -19.

На контакт линијата ќе одговара стручен тим на македонски и албански јазик. Кол центарот ќе работи од 8:00 до 17:00 часот од понеделник до петок, а во сабота од 9:00 до 14:00 часот.

Изминатиот период Владата на Република Северна Македонија донесе сет економски и други мерки за бизнисот и граѓаните за олеснување на кризата предизвикана од коронавирусот. За начинот и користењето на овие мерки компаниите и граѓаните ќе може да се јавуваат во кол центарот.