Почна со работа најголемата соларна централа на светот во Мароко

Вчера, во Мароко почна првата фаза од работењето на новата соларна централа, која веќе успеа да создаде 160 мегавати моќ. Во иднина се очекува оваа бројка да се зголеми и да се покријат со струја повеќе од 26 000 метри квадратни, со што ќе стане најголемата соларна централа во светот.

Првиот бран на производство на моќ е познат како Noor 1. Сместена во пустината Сахара, централата има заоблени огледала кои од сонцето ја апсорбираат сончевата светлина во текот на целиот ден. Секое од огледалата, високи 12 метри, ја пренасочуваат светлината кон челичен гасовод и со тоа снабдуваат со синтетичко термално масло.

Маслото во тие цевки може да достигне 740 фаренхајти, и тоа се користи за добивање на електрична енергија. Топлината се користи за создавање на пареа со која се управуваат турбини. Исто така, врелото масло може да се чува за да создава енергија и преку ноќ.

Покрај Noor 1, ќе функционираат и Noor 2 и 3, кои треба да почнат со работа до 2018 година. Кога и овие фази ќе бидат завршени, целата централа ќе покрие површина многу поголема од главниот град Рабат. Со дополнителните огледала, соларната централа ќе генерира 580 мегавати електрична енергија, доволна за да обезбеди 1,1 милион луѓе со струја.

Сепак, ова не била првичната идеја. Претходно, се планирало струјата што ќе се создава преку соларната централа да се доставува низ Европа, но повеќе добавувачи се повлекле. Со помош од Банката за Развој на Африка и Владата во Мароко, проектот бил спасен.