Почна реконструкцијата на стационарот „Вардариште“

Денеска во стационарот „Вардариште“ започнаа градежните активности на двата објекти, со демонтажа на веќе постојните метални боксови и елементи, соопшти Град Скопје.

„Тие ќе бидат комплетно заменети со нови по современи стандарди во служба на основните потреби и благосостојба на бездомните животни кои ќе бидат дел од новата програма“, информираат градските власти.

Досега со стационарот „Вардариште“ стопанисуваше ЈП „Комунална хигиена“, а сега за  заловените уличните животни ќе се грижи  новоформираното претпријатије „Лајка“.

Ново јавно претпријатие „Лајка“ ќе има  целосно нов концепт и пристап кон решавањето на проблемот со уличните животни и нивниот третман и благосостојба, велат од Град Скопје.