Почна изградбата на новото училиште „Димитар Македонски“ во Аеродром

На местото на старите бараки на ОУ „Димитар Македонски“, денеска почна изградба на нов модерен објект во соработка со Министерството за образование и наука, информираат од Oпштина Аеродром.

Според рокот на изградба, новото училиште ќе се гради во две фази, така што околу 1.000 ученици, колку што е капацитетот на новата зграда, ќе можат да посетуваат настава веќе наредната учебна 2018/2019 година.

Старото училиште беше изградено во далечната 1964 година како донација од Француската влада.