Починаа уште 22 лица од Ковид 19, нови 1192 случаи од 3211 тестови

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа од Ковид 19 починаа 22 лица, осум пациенти од Скопје (78, 78, 61, 60, 81, 70, 84 и 51г), двајца од Штип (80 и 80г), еден од Прилеп (65г), двајца од Тетово (41 и 66г), двајца од Велес (75 и 57г), двајца пациенти од Битола (71 и 66г) и двајца од Охрид (54 и 73г), еден пациент од Гостивар (72г), еден од Крушево (81г) и еден пациент од Пехчево (53г). Од нив, еден е починат вон, станатите се починати во болнички услови.

Притоа се направени 3211 тестирања, а регистрирани се 1192 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-571, Куманово-63, Дебар-15, Штип-50, Прилеп-51, Тетово-87, Струга-10, Велес-42, Битола-43, Охрид-49, Кавадарци-15, Гостивар-40, Гевгелија-6, Струмица-36, Крива Паланка-3, Радовиш-4, Крушево-6, Кочани-27, Пробиштип-14, Демир Хисар-5, Берово-1, Виница-7, Делчево-2, Кратово-3, Свети Николе-7, Кичево-22, Ресен-11, Неготино-2.  

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 359 оздравени пациенти од: Скопје-206, Куманово-15, Дебар-2, Штип-11, Прилеп-17, Тетово-11, Велес-3, Битола-9, Кавадарци-11, Гостивар-4, Гевгелија-4, Струмица-14, Радовиш-3, Кочани-27, Пробиштип-4, Пехчево-1, Берово-1, Валандово-3, Свети Николе-1, Кичево-6, Ресен-2, Неготино-4.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 35097, бројката на оздравени пациенти е 22024 , на починати е 1071, а бројот на активни случаи изнесува 12002.

По градови, најмногу активни случаи има во Скопје, 5668 по што следат Тетово со 726, Прилеп 648, Струмица 558,Велес554, Куманово 521.

Од скопските општини по број на активни случаи предничат Аеродром со 927 случаи, Карпош – 805, Гази Баба-757, Центар – 762. 

Направените 3211 теста се преку: ИЈЗ-977, ЦЈЗ Скопје-180, Авицена-497, Биотек-260, МАНУ -297, Жан Митрев (Филип Втори) -275, Систина со PCR метода -230, лабораторија Лаор –61, Судска медицина-17, ЦЈЗ Битола-104, Инфективна клиника-12, ГАК-0, Синлаб-153, Ремедика-41, лабораторија болница Козле-0, ЗД Скопје (рапид тест) – 107, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 259.115 тестирања на Ковид -19.  

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 12 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 160 пациенти. На кислородна поддршка се 130 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.  

Во болницата во Козле хоспитализирани се 9 позитивни и  1 дете суспектно на Ковид-19 и 22 возрасни пациенти, позитивни и суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 8 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.

Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 30 пациенти, позитивни и суспектни на ковид-19.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 70, а во болницата во Штип се 52 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 421 позитивни и сомнителни на Ковид-19.