Починаа 15 лицa, регистрирани 396 нови случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа од Ковид 19 починаа 15 лица, четири пациенти од Скопје (82, 70, 85 и 75г), еден од Куманово (60г), еден од Велес (62г), еден од Охрид (61г), три пациенти од Кавадарци (77, 90 и 51г), три од Гостивар (73, 67 и 33г) и два од Виница (54 и 83г). Од нив двајца се починати вон, останатите во болнички услови.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2192 тестирања, а регистрирани се 396 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-198, Куманово-12, Штип-12, Прилеп-14, Тетово-18, Струга-9, Велес-13, Битола-14, Охрид-11, Кавадарци-13, Гостивар-7, Гевгелија-4, Струмица-13, Крива Паланка-3, Радовиш-4, Крушево-3, Кочани-6, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Пехчево-1, Делчево-10, Кратово-1, Свети Николе-3, Кичево-11, Ресен-8, Неготино-6.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 442 оздравени пациенти. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 87986, бројката на оздравени пациенти е 69137, на починати е 2672, а бројот на активни случаи изнесува 16177.

Најмногу активни случаи има во Скопје 9928, Тетово 702, Куманово 470, Кавадарци 465, Струмица 453.
Направените 2192 теста се преку: ИЈЗ-538, ЦЈЗ Скопје-78, Авицена-226, Биотек-180, МАНУ -108, Жан Митрев (Филип Втори)-112, Систина со PCR метода -191, лабораторија Лаор –75, Судска медицина-3, ЦЈЗ Битола-71, Инфективна клиника-3, ГАК-0, Синлаб-30, Ремедика-19, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -554, УК Пулмологија со алергологија –4, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 425.888 тестирања на Ковид -19.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 412 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 718 и има околу 400 празни болнички кревети во ковид центрите.
Инаку, од Министерството за здравство велат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.