Почина Зинѕи Мандела, ќерката на Нелсон Мандела

Амбасадорката на Јужноафриканската Република во Данска Зинѕи Мандела почина утрово на 59-годишна возраст во болница во Јоханесбург, но, не е соопштена причината за нејзината смрт, пренесува „Асошиејтед прес“.

Најмладата ќерка на Нелсон Мандела и Вини Мадикизела беше позната по нејзиниот политички и општествен активизам, а на амбасадорската функција во Данска била од 2015 година.

Зинѕи почина неколку дена пред почетокот на одбележувањето на Меѓународниот ден на Нелсон Мандела кој се одржува на 18 јули во знак на сеќавање на големиот борец против апартхејдот.

Зад себе го остави нејзиниот сопруг и четирите деца.