Почина творецот на знамето на ЛГБТ заедницата

Дизајнерот на знамето на ЛГБТ заедницата, Жилбер Бејкер почина во неговиот дом во Њујорк во 65-та година од животот.

По повод смртта на Бејкер закажана е комеморација на Плоштадот на Обединетите нации во Сан Франциско, каде за таа пригода ќе биде подигнато ЛГБТ знамето.

По повод смртта на Бејкер, ова знаме на половина копје беше истакнато и на терасата на канцеларијата на градоначалникот на Сан Франциско, Ед Ли.

„Жилбер беше пионер во борбата за правата на ЛГБТ заедницата и беше вистински пријател на сите кои ги познаваше. Нашите мисли се со неговите пријатели и семејството, Ќе ни недостига“, се наведува во соопштението на Ли по повод смртта на Бејкер.