Информатичарот Лери Теслер кој е најпознат по создавањето на клучните компјутерски концепти „Cut“, „Copy“, „Paste“, почина во понеделникот на 74 години, јавува „TheVerge“, a пренесува „Ал Џазира Балканс“.
Теслер е роден во 1945 година во Њујорк, а студирал на универзитетот Стенфорд.
Откако работел на истражување на вештачка интелегенција, тој се приклучил на истражувачкиот центар на „Херокс“ во Пало Алто во 1973 година, каде ги развил опциите кои ќе станат незаменлив дел од секојдневното работење на компјутерските и мобилните уреди.
Компанијата „Херокс“ преку Твитер се збогува со творецот на опциите кои денеска ги користат милиони луѓе низ светот.
„Вашето секојдневие на работа е олеснето благодарение на неговите револуционерни идеи. Лери почина во понеделникот. Придружете ни се да го славиме неговиот живот“, стои во твитот на „Херокс“.
The inventor of cut/copy & paste, find & replace, and more was former Xerox researcher Larry Tesler. Your workday is easier thanks to his revolutionary ideas. Larry passed away Monday, so please join us in celebrating him. Photo credit: Yahoo CC-By-2.0 https://t.co/MXijSIMgoA pic.twitter.com/kXfLFuOlon
— Xerox (@Xerox) February 19, 2020