Почина светски познатата архитектка Заха Хадид

Дамата Заха Хадид, архитектка и автор на Акватичниот центар на Олимписките игри во Лондон, почина од срцев удар на 65 години.

Родум од Ирак, британската архитектка годинава стана првата жена која доби златен медал од Кралскиот институт на британски архитекти за нејзините дела.

Почина од последиците од срцев удар денес, во болница во Мајами, каде беше лекувана од бронхитис.

Нејзините дизајни беа градени на сите страни на светот, како Хонг Конг, Германија, Британија и Азербејџан.

Некои од најпознатите нејзини градби се Serpentine Sackler галеријата во Лондон, Riverside музејот во Глазговскиот музеј за транспорт, како и Гуангжоу оперската куќа во Кина.

Таа е двоен добитник на Риба Стирлинг наградата, најпрестижната награда за архитектура во Велика Британија.

Родена е во Бејрут, а студирала математика на Американскиот универзитет во Бејрут.

Извор: ВВС