Почина Sir Christopher Lee, легендарниот британски актер

Sir Christopher Lee, легендарниот британски актер, почина во болница во Лондон на 93-годишна возраст, јавуваат британските медиуми. Тој бил примен во болница пред три недели со проблеми со дишењето и со работата на срцето.

Christopher Lee како Дракула во 60-те

Christopher Lee како Дракула во 60-те

Lee имаше низа впечатливи улоги на големото платно, меѓу кои и ликови во серијалите „Star Wars“ и „Lord of the Rings“, како и улогата на Francisco Scaramanga во филмот од серијалот со James Bond, „The Man with the Golden Gun“ од 1974.

Кариерата на Christopher Lee почнала во 40-те години на минатиот век, но славата првпат ја достигнал во 1958, со филмот „Dracula Has Risen From The Grave“, наспроти Sir Peter Cushing, кој го толкува ликот на Van Helsing. По ова, следуваа уште неколку филмови во кои Lee ја толкуваше улогата на Дракула. Во последните децении, неговата најпозната улога беше ликот на злиот волшебник Саруман во трилогијата „Lord of the Rings“.