Почина Шон Конери, првиот актер кој го играше Џејмс Бонд

Шкотскиот актер Шон Конери, почина на 90 годишна возраст. Веста за смртта на актерот, познат по неговата улога на тајниот агент 007, ја сподели неговото семејство. Конери беше првиот актер кој го играше Џејмс Бонд, и улогата ја играше во уште седум филмски продолженија.

Долгогодишната кариера на Конери ја красат многу награди, меѓу кои еден „Оскар“, две награди „Бафта“ и три „Златни глобуси“. Освен во Џејмс Бонд, Конери глумеше и во филмовите „Indiana Jones“, „The hunt for the red October“, „Last crusade“ и „The rock“.

Актерот својот „Оскар“ го освои во 1988 година, кога беше номиниран за најдобар спореден глумец како ирски полицаец во „The Untouchables“.

Конери во голем број случаи победуваше на анкетите за тоа кој најдобро го изглумил тајниот агент на филмското платно.

Извор: BBC