Почина Сем Сајмон, коавторот на култната серија „Симпсонови“

Добитникот на девет Еми награди и коавтор на култната американска анимирана серија „Симпсонови“, Сем Сајмон, почина по двегодишна борба со рак на дебелото црево, објави Gardian.

Сајмон почина во неделата на 59-годишна возраст, во својот дом во Лос Анџелес, потврди портпаролот на телевизијата Фокс.

На 23-годишна возраст, тој беше основач на „Такси“, а ги напиша и продуцираше „Cheers“ и „The Drew Carey Show“. Сајмон направи и шоу за легендарниот американски комичар Џорд Карлин.

Сепак, „Симпсонови“ најгледаното шоу во САД, беше она што го постави Сајмон во пантеонот на ТВ иноваторите. Тој ги опиша „Симсонови“ како „првото свесно дисфункционално семејство“ на американската телевизија.

Сајмон го разви шоуто со Мет Гренинг и Џејмс Л. Брукс. Според досегашни извештаи, Сајмон напишал дузина епизоди од шоуто, но имал и други функции. Тој поминал четири сезони на „Симсонови“ пред да си замине во 1993 година, иако ја задржал титулата на извршен продуцент.

Опремнината на Сајмон од шоуто го направи доволно богат за да не треба да работи, но во ноември минатата година, магазинот „Time“ објави дека Сајмон најголемиот дел од своето богатство ќе го даде главно во добротворни цели вклучувајќи го и засолништето за животни ПЕТА.