Почина Рутгер Хауер, ѕвездата на „Blade Runner“

Холандскиот актер Рутгер Хауер, почина на 75 годишна возраст по кратко боледување, соопшти неговиот агент Стив Кенис.

Хауер ќе остане запаметен по улогата на андроидот Рој Бети во филмот „Blade Runner“ од 80-тите, на режисерот Ридли Скот.

Хауер зад себе остави бројни одиграни улоги, како во „Nighthawks“ со Силвестер Сталоне и „Escape from Sobibor“, за кој доби Златен глобус. Потоа, тој играше и во „Ladyhawke“, „The Hitcher“, „Sin City“ и „Batman Begins“.

Во родната земја е одликуван со титулата Витез од редот на холандскиот лав.

Во продолжение, погледнете го неговиот монолог во една од култните сцени на филмот „Blade Runner“.