Почина Роберт Мајлс, продуцентот познат по „Children“

Транс диџејот и продуцент Роберт Мајлс, познат по глобално препознатливата песна „Children“, починал на 47 годишна возраст од непозната болест, јавиле италијански медиуми, пренесува Индепендент.

Италијанецот, роден како Роберт Концина во Швајцарија, се прослави за хитот од 90-тите кој стана една од најголемите денс музички песни во историјата, достигнувајќи први места на музичките листи во повеќе од 12 земји низ светот.

Мајлс во едно интервју рекол дека добил инспирација за песната откако неговиот татко му покажал слики од деца жртви на војната во Југославија во 1994-та година.