Почина режисерот на „Врисок“ Вес Крејвен

Легендарниот американски режисер на хорор филмови Вес Крејвен почина на возраст од 76 години. Според американските медиуми, Крејвен починал вчера во неговиот дом во Лос Анџелес од рак на мозок.

Тој ќе остане запаметен како создавач на познатите франшизи за филмовите „Врисок“ и „Кошмар на Елм Стрит“. Во 1972 година, тој го напиша и режираше својот прв филм „Последната куќа од лево“.

За Крејвен се смета дека повторно го создал тинејџерскиот хорор жанр, откако првиот таков филм излезе во 1984 година со Фреди Кругер, во чија улога беше Џони Деп, пред да се стекне со слава.

Неодамна тој склучил договори и за развој на телевизиски програми, вклучително нови епизоди на „Врисок“, кој би се давале на Ем-Ти-Ви.

Извор: BBC