Почина Пол Ритер, актерот познат по улогите во „Хари Потер“ и Чернобил“

Почина британски актер Пол Ритер, кој се појави во франшизата „Хари Потер“ и играше клучна улога во серијалот „Чернобил“, соопшти неговиот агент. Тој имал 54 години и страдал од тумор на мозокот, пренесува Јаху.

Како познато лице за британските телевизиски гледачи и посетители на театар, Ритер го играше Мартин Гудман, ексцентричниот татко во лондонското еврејско семејство во ситкомот „Friday Night Dinner“.

Тој исто така го играше нуклеарниот инженер Анатолиј Дјатлов во драмата на HBO „Чернобил;“ волшебникот Елдред Ворпл во „Harry Potter and the Half-Blood Prince“ и се појави во филмот „Quantum of Solace“, од серијалот за Џејмс Бонд.

„Пол беше исклучително талентиран актер кој играше огромна разновидност на улоги на сцената и на екранот со извонредна вештина“, соопшти неговиот агент.

„Тој беше жестоко интелигентен, љубезен и многу смешен. Ќе ни недостасува многу “, додаде тој во објавата.