Почина Пит Бурнс, пејачот на „Dead Or Alive“

Според објава на неговиот Твитер профил, поранешниот пејач на групата Dead or Alive починал вчера од срцев удар.

Во објавата се вели: „ Со голема тага ви соопштуваме дека нашиот сакан Пит Бурнс почина ненадејно вчера од силен срцев удар.

Целото негово семејство и пријателите се очајни поради загубата на нашата специјална ѕвезда. Тој беше вистински визионер, прекрасна талентирана душа, и тој секогаш ќе им недостига на сите оние кои го сакаат и го ценеа поради тоа што беше и поради сите прекрасни спомени со кои не остави“.

Најдобро познат како пејач на поп групата од 80-тите Dead Or Alive, по хитот од 1985 година You Spin Me Round (Like A Record), Пит беше познат и по својот невообичаен изглед, приватно и на сцена, и неговиот уникатен стил за настап.