Мето Јовановски, македонски раскажувач и романсиер, почина денеска на 88-годишна возраст.
Јовановски беше претседател на Македонскиот ПЕН центар и беше прв претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права.
Тој е автор на збирки песни, романи, песни за деца. Негови дела, особено расказите, се објавувани на повеќе светски јазици.
Јовановски ќе биде погребан во недела во неговото родно Брајчино.