Почина писателката и новинарка Џоан Дидион

Дидион почина вчера, на 23 декември, во својот дом на Менхетн, а нејзината смрт беше потврдена од нејзиниот издавач, пренесува „Independent“.

Во соопштението, издавачката куќа ја опишала Дидион како „една од најстрогите писателки и најпаметните набљудувачи“ во земјата“.

„Нејзините најпродавани романи, коментари и мемоари добија бројни признанија и се сметаат за модерни класици“, пишувало во соопштението.

Дидион е американска романсиерка, есеист и автор на мемоари, која ја започна својата кариера победувајќи на натпревар за есеи спонзориран од „Вог“.

Во тој период, во шеесеттите години од минатиот век, Дидион студирала Англиски јазик на калифорнискиот Универзитет „Беркли“.

Таа стана еден од најоригиналните гласови на американската фикција. Нејзиното пишување во шеесеттите и седумдесеттите обработуваше широк спектар на теми, како политиката и животот во Калифорнија.

Дидион напиша 19 книги. За најуспешни нејзини дела се сметаат книгите „Slouching Towards Bethlehem“, „Play It As It Lays“, и „The White Album“ – збирка на есеи објавена во 1979.

Во 1963, таа го напиша и објави својот прв роман „Run, River“.

Дидион беше номинирана за „Пулицеровата награда“ за нејзината автобиографија „The Year of Magical Thinking“. Книгата беше напишана по ненадејната смрт на нејзиниот сопруг.

Автобиографијата подоцна беше адаптирана во театарска претстава која се одигра на „Бродвеј“ во 2007 година.