Почина пејачот Џорџ Мајкл

Џорџ Мајкл, британски пејач и поранешен член на групата Wham, почина вчера во Оксфоршир, објави неговиот публицист.

Ѕвездата која стана позната како дел од Wham во 80-тите, а потоа продолжи со успехот како соло изведувач, „починал мирно во својот дом“.

Полиција и итна служба биле во неговиот дом во Горинг, Оксфордшир вчера, и објавија дека нема никакви сомнителни околни во однос на неговата смрт.

Мајкл, роден како Јоргос Кирјакос Панајоту во северен Лондон, има продадено повеќе од 100 милиони албуми во текот на неговата кариера, која се протега низ речиси четири децении.

Публицистот на Мајкл изјави: „Со голема тага потврдуваме дека нашиот сакан син, брат и пријател Џорџ почина мирно во неговиот дом за време на божиќните празници. Семејството моли нивната приватност да се почитува во ова тешко и чувствително време“.