Почина оскаровскиот композитор, Енио Мориконе, на 91 година.
Италијанскиот музичар кој преку музиката учествуваше во над 400 филмови, почина денес откако им подлегна на скршениците поради незгоден пад.
Роден во 1928, Мориконе ја започна својата кариера како свирач на труба пред да се префрли на филмска музика во 1961 година. По ваквата кариерна промена тој создаде музика за над 70 наградени филмови.
Во 1966, Мориконе го композираше легендарниот саундтрак на филмот „Добриот, лошиот и грдиот“, дело толку влијателно што му обезбеди место во „Греми салата на славните“ во 2009 година.
Композиторот кој беше меѓу најбараните во Холивуд, оствари соработки со режисерите Дон Сигал, Оливер Стоун и Варен Бити.
Во соработка со Енио Мориконе, режисерот Квентин Тарантино доби „Оскар“ за неговиот филм „Hateful 8“ во 2016 година. Со овој оскар композиторот стана најстарата личност што се натпреварувала за „Оскар“.
Зборувајќи за соработката со Тарантино, Енио го опиша процесот на работа како совршен бидејќи режисерот не му дал никакви насоки, ниту забрани.
„Ја напишав музиката без Тарантино да знае ништо за неа, тој дојде во Прага кога започна процесон на снимање и беше многу задоволен. Па така, оваа соработка беше базирана на верба и слобода“, истакнал композиторот за „Гардијан“.
Извор: Independent