Почина новинарот Атанас Ковачевски

Поранешниот новинар Атанас Ковачевски утрово почина ненадејно на 50 годишна возраст.

Ковачевски последната деценија работеше како портпарол на ЕВН, но во јавноста остана препознатлив како новинар и презентер од Македонската Радио Телевизија и Канал 5 Телевизија.

Колеги и пријатели на социјалните мрежи денес изразуваа сочувство и се простуваа од Ковачевски, опишувајќи го како секогаш насмеан и ведар човек кој сакал да помогне во секоја прилика.