Почина новинарката Јасмина Спасовска

По долго боледување денеска во Скопје почина Јасмина Спасовска, долгогодишен новинар во областа на културата, информираше Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).

Таа работеше како новинар во ТВ 24 Вести, а претходно беше дел од новинарската екипа на А1 телевизија.

Во својата новинарска кариера, Спасовска покриваше теми кои имаа за цел приближување на сите значајни културни, уметнички и општествени настани, не само до стручната јавност, уметниците и сите културни дејци во нашата земја, туку и на љубителите на културата и на општиот ТВ аудиториум.