Почина музичкиот виртуоз Зоран Маџиров

Светски познатиот музичар Зоран Маџиров почина денес на 49-годишна возраст.

Тој беше тешко повреден од сообраќајната несреќа што се случи во октомври, минатата година, на патот меѓу Струмица и Радовиш.

На светската јавност Маџиров и е познат како „ботл мен“, односно човекот кој свири на шишиња. Тој пораснал во музичко семејство и првото знаење за џез-тапаните ги добил од својот татко. Своите студии ги завршува во Германија.

Во Европа настапуваше заедно со триото Les Barons Karamazoff, со кое реализира два проекта: Historical recordings и Pytagora’s glasess and lute.