Почина македонскиот музичар и водител Драган Вучиќ

Утрово на Инфективната клиника од коронавирусот почина нашиот познат музичар, композитор и тв водител Драган Вучиќ, потврди министерот за здравство Венко Филипче.

„Тој беше хоспитализиран пред осум дена откако состојбата му се влошила и од тогаш е лекуван на оделението за интензивна нега. И покрај сите напори на лекарите и целиот стручен тим, Вучиќ со многу тежок наод на белите дробови, за жал, му подлегнал на вирусот. Упатувам искрено сочуство до семејството и блиските“, напиша Филипче на социјалните мрежи.

Вучиќ е роден во 1955 година, а работеше како композитор, пејач и тв водител. Јавнoста го препознава по бројите емисии и квизови како „Вашите пет минути“, „Среќни луѓе“, „Возење со Вучиќ“ и други. Последен негов проект беше „Гурмански приказни“, емисија која се снимаше низ повеќе балкански земји.