Почина Лук Пери, популарниот Дилан од „Беверли Хилс“

Американскиот актер Лук Пери почина на 52 години во Калифорнија, откако пред неколку дена доживеал мозочен удар.

Пери стана препознатлив по улогата на Дилан во популарната тинејџерска серија „Беверли Хилс 90210“, која ја играше од 1990 до 2000 година. Актерот во последниот период го играше и Фред Ендрјуз, во серијата „Ривердејл“.

Тој, во средата бил пренесен во болница во Лос Анџелес, каде снимал сцени од новата сезона „Ривердејл“.