Почина Лу Отенс, инженерот кој ги измисли аудио касетите и цедеата

Пионерскиот холандски инжинер кој ги патентираше револуционерните аудио касети и цедеа и ја приближи музиката до масите, почина на 94 годишна возраст.

Роден во Холандија во 1926 година, Лу Отенс составил радио за неговото семејство да може да ги слуша вестите за време на Втората светска војна. Во 1963 година, Отенс работел во „Филипс“, каде го претставил својот најнов изум – касетата. Тој својот изум го претставил и на Саем за технологија во Берлин.

Во тој период започнала и демократизацијата на музиката, што ја најавило употребата на микс-касетите и плејлистите, но и првите поевтини музички системи, бумбокси, вокмени и автомобилски радија, а деликатните грамофонските плочи се исфрлиле од употреба.

Отенс истакнал дека неговата идеја било да измисли нешто што ќе го собира во џеб.

„Почнаа да ме нервира системот плоча-по-плоча, толку е едноставно“, додал тој.

Системот од осум песни на една касета бил рекламиран со слоганот „Помали и од кутија цигари“.

Аудио касетата станала универзална за користење во светот, откако Отенс потпишал договор со „Сони“ за изработка на систем на кој тие ќе може да се слушаат – вокменот.

Лу Отенс, фотографија од семејна архива

Отенс подоцна нагласил дека бил „повреден“ што „Филипс“ не го патентирал вокменот – симболот на 80тите, кој бил прифатен од сите – од Мадона па од обичните тинејџери.

Микс-касетите станаа широко прифатена алтернатива кај младите, но и симбол на аренби и хип-хоп движењата во 1970 и 1980, а музичари како Грендмастер Флеш ги употребуваа микс-касетите за да ја дистрибуираат својата музика, но и да снимат миксови пуштени во клубови и на концерти, со што се избегнуваа законите за авторски права.

Во документарец од 2016 година, насловен „Касети: документарен микс“, Отенс изјавил дека тој очекувал касетите да бидат успех, но не и револуционерен производ“.

Зак Тејлор, режисерот на документарецот кој го интервјуирал Отенс изјавил дека тој сакал да ја направи музиката пристапна и преносна, додавајќи дека касетите го научиле човештвото да го користи својот глас, дури и кога пораката е од нечија туѓа песна.

„Кога ќе сакате да составите перфектна плејлоста на „Спотифај“, или испраќате линк за да споделите песна – за тоа треба да сте благодарни на Лу Отенс“, додал Тејлор.

Микс-касетите станаа широко прифатена алтернатива кај младите, но и симбол на аренби и хип-хоп движењата во 1970 и 1980, а музичари како Грендмастер Флеш ги употребуваа микс-касетите за да ја дистрибуираат својата музика, но и да снимат миксови пуштени во клубови и на концерти, со што се избегнуваа законите за употреба на авторски производ.

Во документарец од 2016 година, насловен „Касети: документарен микс“, Отенс изјавил дека тој очекувал касетите да бидат успех, но не и револуционерен производ“.

Зак Тејлор, режисерот на документарецот кој го интервјуирал Отенс изјавил дека тој сакал да ја направи музиката пристапна и преносна, додавајќи дека касетите го научиле човештвото да го користи својот глас, дури и кога пораката е од нечија туѓа песна.

„Кога ќе сакате да составите перфектна плејлоста на „Спотифај“, или праќате линк за да споделите песна – за тоа треба да сте благодарни на Лу Отенс“, додал Тејлор.

Извор: Independent