Бен Бредли, харизматичниот уредник кој го надгледуваше и одобри известувањето на Вашингтон пост за скандалот Вотергејт, кој водеше до оставка на американскиот претседател Ричард Никсон во 1974, почина на 93 години.
Бредли го презеде водството во редакцијата на Пост како уредник во 1965, станувајќи главен и одговорен уредник во 1968.
За време на неговите 26 години лидерство, тој го дуплираше кадарот на весникот, како и неговиот тираж и од споро-движечки регионален весник го претвори во национален бренд и „агенда сетер“.
Покривањето на аферата Ватергејт на весникот Вашингтон пост ја доби Пулицеровата награда и беше прикажано во филмот “All the President’s Men”, со што Бредли стана најпознатиот уредник во историјата на американското новинарство.
Весникот доби четири пати повеќе Пулицерови награди (17) за време на неговото водство, отколку во претходните 48 години, откако започнаа наградите. Заедно со Њујорк Тајмс, Бредли и неговиот издавач, Кетрин Греам, водеа битка со американската влада за да ги објават доверливите документи на Пентагон, во кој се наоѓаа тајните за американската инволвираност во војната во Виетнам.
Аферата започна кога пет лица извршија упад во просториите на Демократската партија во стабено-деловниот комплекс „Вотергејт“ во Вашингтон. Во инцидентот што се случи во јуни 1972 година, петмината требаше да постават опрема за прислушување и да ги снимат тајните документи.
Бредли ги назначи двајцата новинари од градската рубрика Боб Вудворд и Карл Бернстин да го следат и да го истражуваат случајот, што на крајот заврши како еден од најголемите политички скандали во САД, предизвикувајќи оставка на републиканскиот претседател Никсон на средината на неговиот втор претседателски мандат.
Извор: washingtonpost.com, nbcnews