Почина легендарниот американски музичар Принс

Легендарниот американски музичар Принс, еден од најзначајните претставници на фанк и соул музиката од 80-те години наваму, починал на 57-годишна возраст, објавија американските медиуми.

„Со длабока жалост потврдувам дека легендарниот, иконски изведувач, Принс Роџер Нелсон почина утринава во неговиот стан во Пејзли парк, на 57-годишна возраст“, изјави неговата публицистка, Ивет Ноел -Шур.

Полицијата соопшти дека ја истражува смртта на пејачот, откако некој повикал брза помош, а Принс бил најден без свест во лифт.

Принс беше еден од највлијателните американски музичари во последните 50 години, а неговите хитови како „Purple Rain“, „Get Off“ и „Alphabet Street“ веќе се евергрини.