Почина легендарниот актер Бад Спенсер

Италијанскиот актер Бад Спенсер, кој играше во голем број шпагети-вестерн филмови, почина на 86 години. Тој почина во понеделникот, соопшти неговиот син.

Спенсер, чие вистинско име е Карло Педерсоли е познат меѓу неговите обожаватели како „големиот пријателски џин“, поради неговата височина и тежина.

Актерот, кој е и професионален пливач, се појави во повеќе од 20 филмови од 1950 и 1980-тите. Тој често се појавуваше во улоги заедно со Терен Хил, чие вистинско име Марио Гироти.

„Double Trouble“, „Go For It“, „Ace High“, „They Call Me Trinity“ и „A Friend is a Treasure“, се дел од филмовите во кои Спенсер глумеше.

Тој беше роден во Неапол, во 1929 година, но подоцна се преселува во Рим, каде станува пливач. Во 1950 година, тој стана првиот Италијанец кој препливал 100 метри за помалку од една минута.

Сепак, Спенсер ја напушта својата спортска кариера и започнува со актерство во вестерн и комични филмови.

Во една прилика, актерот објасни дека неговото уметничко име доаѓа од неговото омилено пиво Бадвајзер и американскиот актер Спенсер Трејси.