Почина Грета Фридман, жената од една од најпознатите фотографии во светот

Грета Цимер Фридман починала од старост на 92 години во четврток во Ричмонд, во американската сојузна држава Вирџинија, соопшти нејзиниот син Џошуа Фридман.

Таа, на 14 август 1945 година, како 21-годишна стоматолошка сестра во униформа на болничарка дошла на Тајмс Сквер кога било објавено дека војната е завршена, а маринецот Џорџ Мендоса тогаш ја бакнал, прославувајќи ја капитулацијата на Јапонија.

Фотографот на магазинот „Лајф“ (Life) Алфред Ајзенштат го забележал овој момент и ја направил една од најпознатите фотографии на 20 век.

Фридман ќе биде поогребана на Националните гробишта во Арлингтон, покрај својот сопруг Миша Фридман.