Почина Грант Имахара- водителот на „MythBusters“

Почина Грант Имахара, водителот на серијалот „MythBusters“ и серијалот на Нетфликс „White Rabbit Project“, на возраст од 49 години.

Инженерот по електрика и роботика почина ненадејно од аневризма на мозокот.

„Ние сме скршени поради оваа тажна вест за Грант. Тој беше важен дел од нашето семејство на Дискавери и навистина прекрасен човек. Нашите мисли и молитви се со неговото семејство “, соопшти претставник на компанијата.

Имахара ги освои обожавателите, откако го замени Скоти Чепман како домаќин на „MythBusters“ во 2005 година. Тој го напушти шоуто во 2014 година и, две години подоцна, повторно се здружи со своите колеги водители, Кари Бајрон и Тори Белеци, за „White Rabbit Project“

Во серијалот се гледа како триото истражува настани од поп културата, науката и историјата. Бајрон му оддаде почит на Имахара на Твитер, пишувајќи: „Понекогаш посакувам да имав временска машина“.

По дипломирањето на Универзитетот во Јужна Калифорнија, Имахара се вработува на одделите на Лукас-филм за индустриската светлина и магија. Учествувал на изработка на филмови, вклучувајќи ги и „Изгубениот свет: Паркот Јура“, „Вештачка интелигенција“ и трилогијата „Војна на ѕвездите“. Тој е заслужен за инсталирање на новите светла на филмскиот дроид R2-D2, претворајќи го во робот за новата генерација.

Исто така ќе остане запаметен и по создавање на Џеоф Петерсон, познатиот робот од шоуто со Крег Фергусон.