Почина граѓанскиот активист и аналитичар Роберто Беличанец

Ненадејно, во 42-та година од животот од срцев удар почина поранешниот новинар, аналитичарот и извршен директор на Македонскиот центар за медиуми Роберто Беличанец.

Почина граѓанскиот активист и аналитичар Роберто Беличанец

Тој беше беше член на групацијата Граѓани за европска Македонија, познат како жесток критичар на сите негативности на општеството и на политиката, застанувајќи пркосно во одбрана на стандардите, на она што се нарекува почит кон секого. Во последно време беше е еден од најгласните противници на Законот за медиуми.

„Економски силна Македонија е исто толку важна колку што е важно членството во НАТО и ЕУ! Поважна е… И сега? Како? Уште 7 години ќе се занимаваме со вуду економија и вуду политика?“, гласи  неговиот последен пост на Фејсбук.

Роберто Беличанец е роден на 1 февруари 1972 година во Прилеп. Тој беше оженет и имаше три деца.

Извор: Утрински весник