Почина Горан Гаврилов, сопственик на радиото „Канал 77“

По кратко боледување денеска на педесет и четиригодишна возраст почина сопственикот на радиото „Канал 77“, Горан Гаврилов, информираа од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).

Оттаму изразија и длабоко сочувство до семејството на Гаврилов.

Гаврилов беше долгогодишен истакнат медиумски работник, а исто така беше и основач на Асоцијацијата на приватни електронски медиуми во Македонија.