Почина гитаристот и основач на AC/DC, Малколм Јанг

По тригодишната борба со деменција, денес почина легендарниот гитарист и еден од основачите на групата AC/DC, Малколм Јанг. Јанг имаше 64 година, а веќе подолго време не свиреше во бендот поради болеста.

Веста за неговата смрт ја објави неговиот брат Ангус, исто така гитарис во легендарниот австралиски бенд.

Браќата Јанг го основаа AC/DC во ноември 1973 година. Од 1976 година стануваат светски познати, патувајќи на турнеи и пишувајќи голем број на албуми.

Деменција му беше дијагностицирана во 2014 година, по што се повлече од групата, но и од јавноста.