Почина Џејми Рид, артистот зад омотите на „Секс Пистолс“

На 76 години почина Џејми Рид, артистот и графички дизајнер чии колажи за „Секс Пистолс“ беа централен столб на панк естетиката, пишува „Гардијан“.

Неговиот куратор, Џон Марчан и неговото семејство ја потврдија веста за неговата смрт. Во изјава тој беше опишан како „артист, иконоборец, анархист, панкер, хипик, бунтовник и романтичар. Џејми зад себе ја остави својата сакана ќерка и вунка и огромно наследство.“.

Најпознатите дела на Рид се омотите на серија од музички изданија на „Секс Пистолс“: розовиот и жолтиот текст на нивниот единствен албум „Never Mind the Bollocks“, Here’s the Sex Pistols“, омотот на „God Save the Queen“ што беше забранет од „Би-Би-Си“, скршената празна рамка за слика за песната „Pretty Vacant“ и докториран стрип за „Holidays in the Sun“.

Неговиот постер за синглот „Anarchy in the UK“ со искинатото знаме на Обединетото кралство беше уште една слика што го дефинираше иконоборството на панк ерата. Тој исто така креираше бројни алтернативни дизајни за синглови, еден за „God Save the Queen“ со безопасна низ усните на кралицата и свастики на очите, додека алтернативниот дизајн за „Pretty Vacant“ претставуваше автобуси кои ги покажуваат дестинациите „Никаде“ и „Досада“. Рид исто така работеше на слики за филмот „The Great Rock’n’Roll Swindle.“