Почина долгогодишниот новинар Драган Ристов  

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) информира и изразува длабоко сочувство до семејството на колегата Драган Ристов, кој почина поради компликации од КОВИД-19.

Тој беше долгогодишен новинар, во последниот период вработен во секторот за односи со јавност во Општина Штип.

Драган во својата новинарска кариера беше вработен во Радио Канал 77 и член на ЗНМ.