Почина ДиЏеј Бабура

Утрово по долго боледување почина Љупчо Петровски познат како ДиЏеј Бабура. Тој се смета за еден од најекспонираните и најпознатите македонски диџеи.

Бабура настапуваше со бројни светски диџеи кои гостуваа во земјавa. Својата кариера ја градеше работејќи во Уно, Мега, Антена 5, а беше и косопственик во Сити Радио.

ДиЏеј Бабура настапуваше во познатите клубови и дискотеки во Скопје и Македонија, како Хард Рок, Мусандра-Метропол, МНТ, тогашна Опера, Текила Хаус и Колосеум. Во негова чест денеска Сити радио ги пушта неговите миксови.