Почина Дејвид Боуви

Легендарниот британски музичар Дејвид Боуви починал синоќа, по 18-месечна борба со ракот, објавено е на неговите официјални профили на социјалните мрежи.

Милионите фанови на Боуви низ светот најпрвин ја отфрлија веста како измама, но според извештаите на големите медиумски куќи, тажната вест ја потврдил и издавачот на познатиот музичар.

Според соопштението на Фејсбук, „Боуви почина денеска мирно, опкружен со членовите на семејството, по храбра, 18-месечна битка со ракот. Иако многумина од вас ќе се приклучат кон изливите на болка поради оваа загуба, ве молиме да ја почитувате приватноста на семејството во ова време на жал“.