Почина Даниел Милошески, еден од сопствениците на „Авалон продукција“

Почина Даниел Милошевски, еден од сопствениците на „Авалон продукција“ Даниел Милошески, еден од сопствениците на „Авалон продукција“, почина ненадејно вчера во вечерните часови. Од неофицијални извори, Милошески починал во текот на неговиот тренинг во фитнес-центар, јавува Утрински весник.

Посмртните останки ќе бидат изложени утре во капелата на Градските гробишта во Бутел, а погребот ќе биде во 14 часот.

Браќата Даниел и Бобан Милошески се меѓу најуспешните во областа на шоу бизнисот, не само во Македонија, туку и на Балканот, правејќи ги најголемите концерти на најпознатите домашни, екс југословенски, но и светски ѕвезди.

Приказната за успехот на „Авалон продукција“ започна во 1993 година, кога браќата го организираа својот прв голем концерт, а до крајот на 2013-та, бројот на концерти во нивната режија ја надмина бројката од 250. Меѓу легендите кои ги донесоа се Боб Дилан, „Ајрон меиден“, Ејми Вајнхаус…

Извор: Утрински весник