Почина авторот на „Загор“, Галиено Фери

Галиено Фери, познат меѓу генерации на љубители на „деветтата уметност“ на просторите на поранешна Југославија како авторот на стрипот „Загор“, вчера во Џенова почина на 87 години.

„Фери, почивај во Дарквуд. Нé напушти денес, на втори април, откако проживеа прекрасен живот, сакан како ретко кој создавач на сонови во светот“, напишал на Фејсбук сценаристот на „Загор“, Морено Буратини.

Ликот на Фери беше меѓу најпопуларните стрип јунаци на просторите на бивша Југославија, а со него тој се вкорени во популарната култура, пишува Jutarnji List.

Роден е во Џенова во 1929 година. Работел на стрипот од почетокот на 1961 година, во соработка со сценаристот Серџо Бонели. Загор го нацртал според моделот на грчките уметници Фидиј и Праксител, мудар и свртен кон правдата. Ги има нацртано сите насловни страници на „Загор“ во оригиналната серија.

Фери ги илустрирал и првите две епизоди на Mister No, кога се појавил во 1975 година, а ги нацртал сите негови насловници од првиот од 115-тиот број.