Почина американската актерка Дорис Робертс

Американската актерка Дорис Робертс, која остана запаметена по улогата на Мари Бароун во успешниот ситком „Сите го сакаат Рејмонд“, починала во неделата во својот дом во Лос Анџелес на 90-годишна возраст, јавија американските медиуми.

Таа низ кариерата беше номинирана за 11 награди „Еми“, а доби четири награди од седум номинации само за улогата на Мари Бароун во „Рејмонд“. Првата „Еми“ награда Робертс ја доби во 1983, за улогата во серијата „St. Elsewhere“.

Во „Сите го сакаат Рејмонд“, Робертс се појави во секоја од 210-те епизоди снимени од 1996 до 2005 година, изградувајќи го извонредно легендарниот лик на свекрва и мајка претерано приврзана на нејзиниот син.