Почина актерот Џорџ Кенеди

Американскиот актер Џорџ Кенеди, познат по улогите во комичниот серијал „Гол пиштол“, почина на 92 години, објави денеска неговиот внук.

Кори Шенкел рече дека неговиот дедо починал во неделата во Ајдахo, јавуваат медиумите.

Кенеди во 1968 година доби „Оскар“ за најдобра споредна улога во филмот „Cool Hand Luke“, потсетува Би-Би-Си и додава дека актерот бил запаметен pо улогите во филмовите „Земјотрес“ и „Аеродром 1975“.

Шенкел навел дека Кенеди бил со влошена здравствена состојба по смртта на неговата сопруга Џоан, која почина пред околу една година. Последниот месец од неговиот живот го поминал во болница.

Тој е роден на 18 февруари 1925 година во Њујорк, каде неговиот татко работел како музичар, а мајка му како танчерка.

Извор