Почина актерот Џин Вајлдер

Американскиот актер Џин Вајлдер, запаметен по неговата улога во „Вили Вонка и фабриката за чоколадо“, почина на возраст од 83 години, потврди неговото семејство.

Овој комичар, исто така, играше во бројни филмови, кои денес се сметаат за култни, како „The Producers“, „Blazing Saddles“ и „Young Frankenstein“.

Вајлдер често соработуваше со писателот и режисер Мел Брукс, како и со стенд-ап комичарот Ричард Прајор.

Со два Оскари зад себе, на актерот му беше дијагностициран не-Хочкинов лимфон во 1989 година.

Извор: BBC