Почина актерот Драган Николиќ

Еден од најпознатите српски актери, Драган Николиќ, починал вчеравечер во Белград, на 73-годишна возраст, јавија медиумите.

Во неговата кариера, која се протега во повеќе од пет децении, Николиќ одигра бројни препознатливи филмски и телевизиски улоги, за кои има добиено преку 50 награди. Заедно со сопругата Милена Дравиќ, Николиќ беше можеби најголемата филмска ѕвезда на просторите на поранешна Југославија.

Неговата последна улога ја одигра минатата година во филмот „Се гледаме, Монтевидео“, каде го играше првиот претседател на ФИФА, Жил Риме.