Почина актерот Берт Рејнолдс

Познатиот американски актер Берт Рејнолдс почина вчера на 82-годишна возраст во болница во Флорида.

Според неговиот агент, Тод Еиснер, ѕвездата на серијалот „Gunsmoke“, „Smokey and the Bandit“ и „Boogie Nights“ починал од срцев удар.

Претпознатлив по своите мустаќи, забележан и како еден од опасните момци на американската филмска сцена, Рејнолдс ја започна кариерата на филмското платно во култниот филм „Deliverance”.

Неговите улоги низ годините се движеа од класичен американски „јужњак“, преку опасен тип, па се до лик од филмска комедија, особено во „Striptease“ од 1996 година, кој беше неуспешен во кино благајните, но имаше пофалби за неговата духовитост на екранот.

Исто така, Рејнолдс во својата кариера се испроба и како режисер, а подоцна заработи позитивна репутација за филантропија откако го отвори Институтот за филм и театар во својата родна Флорида.