Почина актерот Бата Живоиновиќ

Легендарниот српски актер Велимир Бата Живоиновиќ починал синоќа во болница во Белград, на 83-годишна возраст, објавија српските медиуми. Големиот актер подолго време се бореше со болеста.

Живоиновиќ глумеше во огромен број серии и филмови и низ блескавата кариера долга повеќе од шест децении стана еден од најсаканите балкански глумци. Филмот „Валтер го брани Сараево“, со децении беше најгледаниот странски филм во Кина, кој го имаат видено милијарди гледачи. Живоиновиќ се занимаваше со политика, а во неколку мандати беше и пратеник во српскиот парламент.